Францускиот гигант Пари Сен Жермен најверојатно ќе ја загуби трката за шампионската титула со Монако, а тоа значи и дека тренерот Унаи Емери нема да ги исполни плановите на раководството на клубот. По ова речиси сигурно ќе мора да си замине од „Паркот на принцовите“, а ПСЖ веќе ја има испланирано неговата замена. „Светците“ го сакаат Диего Симеоне на клупата на својот тим од стартот на следната сезона.
Аргентинскиот стратег ја одби понудата од италијанскиот калчолигаш Интер со намера да остане во Атлетико Мадрид, меѓутоа повик од ПСЖ можеби и ќе ги промени неговите планови. Интер во моментот не може да му понуди настап во Лигата на шампионите, а ПСЖ е предизвик кој не се одбива така лесно, ако се знае финансиската моќ на клубот, но и амбициите за освојување на трофеи на три фронта.
Според француските медиуми, ПСЖ е подготвен да му понуди 10 милиони евра по сезона на Диего Симеоне и тригодишен договор за да го преземе кормилото на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА