Францускиот тим Пари Сен Жермен е на чекор до освојување на шампионска титула оваа сезона, но раководството на клубот има многу поголеми амбиции. „Светците“ посакуваат трофеј во Лигата на шампионите и затоа ќе продолжат со ангажман на нови засилувања се додека не успеат да ја остварат оваа цел. Се најавува промена на тренерската позиција по завршувањето на сезоната, а ќе бидат доведени и неколку квалитетни имиња во ростерот.
Една од желбите на ПСЖ е Руи Патрицио, голманот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец. Тој треба да биде прва опција, и да го замени Алфонс Ареола на голот, со оглед дека Кевин Трап веќе го договори својот трансфер во Борусија Дортмунд.
Спортинг Лисабон за својот голман има одредено отштета од 45 милиони евра, што и нема да биде посебен проблем за богатите Французи. Но, во трка за Руи Патрицио е и италијанскиот калчолигаш Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА