ПСЖ го става Донарума на трансфер листа!?

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума би можел идната сезона да не биде дел од ПСЖ. Само неколку дена откако ја освои Лигата на шампионите, францускиот тим ја разгледува можноста да го продаде чуварот на мрежата, кој придонесе за првата европска титула на овој клуб во историјата.

Сепак, на Донарума договорот му е уште една година, тој нема намера да го продолжи со оглед дека неговата желба била да брани во некое посилно првенство, каде што има конкуренција, а дефинитивно Лига 1 тоа не е. Згора на тоа ПСЖ сака да му даде повеќе минутажа на својот голман Матвеј Сафанов кого го купи од Краснодар за 20 милиони евра.

Затоа Манчестер Сити сериозно ја разгледува можноста да го ангажира, особено ако се има во предвид дека нивниот прв голман Едерсон е со мислите кон милионите во Саудиска Арабија. Исто така и Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата. „Кралевите“ го имаат Куртоа, но тој веќе има 33 години, па Перез размислува за иднината. Затоа 26-годишниот Донарума би бил долгорочно решение за најтрофејниот клуб во ЛШ.

Се вчитува...