ПСЖ вечерва од 21 часот го очекува одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите во Дортмунд против Борусија за место во следната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Победа ги носи во нокаут-фазата и тоа од првата позиција, но и да одиграат нерешено или дазагубат се ќе зависи од случувањата во Њукасл каде гостува Милан.
Но, доколку се случи да не се пласираат во следната фаза од ЛШ ги очекува силен негативен финансиски ефект. Тогаш ПСЖ ќе загуби повеќе од 30 милиони евра.
Тимот би загубил 9,6 милиони евра, колку што се добива за место меѓу 16 најдобри, и дополнителни 20 милиони од комерцијална природа. А, дополнително и секоја награда за евентуалните позитивните резултати низ нокаут-фазата.
Познато е дека на крај освојувачот на Лигата на шампионите ќе добие 52,7 милиони евра.
Но, и сето тоа не ги нарушува плановите на раководството на клубот кое планира, без разлика на вечерашниот исход, Луис Енрике да продолжи со работата во клубот. ПСЖ има долгорочна стратегија и тоа нема никаква допирна точка со резултатите од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА