ПСЖ и дефинитивно одлучи да го откупи договорот на Икарди од Интер

ПСЖ и дефинитивно одлучи да го задржи Мауро Икарди. Францускиот шампион одлучи да го откупи Икарди од Интер за 70 милиони евра.

Иако на ПСЖ му остануваат уште два месеци позајмица, уште сега се одлучи да му исплати на Интер вкупно 70 милиони евра за да ги има комплетните права на Аргентинецот. Тоа значи и дека ПСЖ го ослободува Единсон Кавани на кого му завршува договорот, а тоа би можело да значи и заминување на Томас Тухел од клупата со оглед на тоа дека германскиот стратег беше против истанувањето на Икарди во клубот.

Икарди имаше турбулентен период во Милано пред да биде позајмен на ПСЖ, каде досега има одиграно 31 натпревар со постигнати 20 гола.

Се вчитува...