ПСЖ е незадоволен од тренерскиот штаб на француската репрезентација поради повредата на Усман Дембеле. Крилниот фубдлаер се повреди на мечот со Украина, откако влезе како замена во квалификацискиот натпревар против Украина.
Парискиот клуб наводно претходно предупредувал за ризикот од повредата, и барал Дембеле да не игра, затоа што играчот чувствувал замор. Сепак, стручниот штаб на „триколорите“, предводен од Дидие Дешам не го послушал мислењето на ПСЖ, па сега напаѓачот ќе ја напушти репрезентацијата за да направи дополнителни прегледи.
Пред една недела, Дембеле постигна два гола и имаше асистенција во натпреварот од Лига 1 против Тулуз (6:3) и беше заменет во 70-тата минута поради непријатност во задниот дел на левата бутина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

