Кирил Лазаров и Нант му го нанесоа на Пари Сен Жермен првиот пораз во францускиот шампионат, откако денеска славеа со 24-25. Нант одигра одлично во фазата на одбрана во целиот меч, а неверојатен на голот беше младиот Емил Нилсен кој натпреварот го заврши со 15 интервенции.
Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров постигна четири гола, а единственото промашување му беше во последната минута кога не успеа да реализира од седум метри. Кај поразените залудни беа 16 одбрани на Жерар, бидејќи неговите соиграчи во нападот одиграа катастрофално.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА