Леандро Паредес ќе биде замената за Немања Матиќ во Рома. Репрезентативецот на Аргентина во главниот град на Италија се сели за четири милиони евра и ќе остане најмалку во следните две сезони, а во договорот има и опција за продолжување на соработката и за дополнителна сезона.
За 29-годишниот играч од средниот ред тоа воедно ќе значи и продолжување на авантурата во Италија откако изминатата сезона настапуваше за Јувентус како позјамен играч од ПСЖ, но воедно и враќање на добро познатото место со оглед на тоа што од 2014 до 2017 година ги бранеше боите на „волчицата“.
Leandro Paredes to AS Roma, here we go! Deal agreed for fee in excess of €4m to Paris Saint-Germain. 🚨🟡🔴🇦🇷
PSG and Roma have just reached final agreement, Leandro will now travel to Italy.
Contract until June 2025 with option until 2026. pic.twitter.com/JSoxgzbmJk
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА