ПСЖ и со играч помалку, до триумф со два гола на Мбапе

ПСЖ стигна и до 26. своја победа во 30. коло од француската Прва лига славејќи со 2-1 против Анжер.

Тимот од Париз триумфот го обезбеди по само 25 минути игра со погодоците на Мбапе во 12. и во 25. минута. Домашните од 16. минута играа и со играч помалку, по исклучувањето на Мота, но и тоа не им сметаше да стигнат до трите бода.



Гостите потоа единствено успеаја да го ублажат поразот со погодокот на Екамби во 75. минута.

По оваа победа ПСЖ само дополнително се зацврсти на врвот од табелата со 80 бода, дури 17 бода повеќе од второпласираниот Монако.

Се вчитува...