ПСЖ има план: Халанд доаѓа на местото на Мбапе?!

Челниците на ПСЖ се подготвуваат за ремонт во тимот во текот на летото, а една од најголемите желби на „светците“ е доведување на Ерлинг Халанд. Се чини дека на Ал Келаифи и неговите соработници им е јасно дека Килијан Мбапе нема намера да потпише нов договор со клубот, па наместо да минат уште една година во убедување за продолжување на соработката, првите луѓе на ПСЖ се подготвени за преговори за продажба на Французинот.

Францускиот шампион се надева на заработка од околку 250 милиони евра од овој трансфер, по што парите би биле реинвестирани во ангажман на Ерлинг Халанд. Норвешкиот ас е најдобар стрелец во Премиер-лигата, но како што минува времето така и неговата форма се повеќе се движи во надолна линија, а бројни критичари отворено се сомневаат дали тој може целосно да се вклопи во тактичките замисли на Пеп Гвардиола.

И самиот Халанд не е најсреќен и би размислил за нов трансфер само 12 месеци по доаѓањето во Манчестер, а ПСЖ дефинитивно е сериозна опција. „Светците“ би му понудиле богат бонус за потпис, но и уште поголема плата од онаа што ја зема во Сити, се со цел да се убеди Халанд на напуштање на Премиер-лигата.

Што се однесува до Мбапе, апсолутен фаворит во таа трка е Реал Мадрид, но останува дилемата дали Флорентино Перез ќе издвои толкаво богатство за ангажман на фудбалер што во јули 2024 година може да го доведе без никаква отштета.

Се вчитува...