ПСЖ создаде убиствено трио во нападот со Нејмар, Кавани и Мбапе, па раковоството на францускиот гигант сега своите погледи ги насочува кон засилување на останатиот дел од тимот, за наредната натпреварувачка сезона.
Покрај ангажманот на врвен голман, приоритет на „светците“ е и доведување на екстра фудбалер на позицијата последен играч за врска, за каде ПСЖ има и конкретна желба – Нголо Канте. Францускиот репрезентативец лани имаше фантастична сезона во Челси, но во последните месеци се вклопи во сивилото на лондонскиот клуб. Јасно е дека Челси нема туку-така да го продаде Канте, но „светците“ се убедени дека ќе испратат понуда што англискиот првак нема да може да ја продаде.
Имено, Челси плати 40 милиони евра за Канте, а ПСЖ е подготвен да уплати 60 милиони евра на сметката на лондонските „сини“, само за францускиот ас да се врати назад во татковината.
Канте би го зазел местото во стартниот тим на искусниот Тијаго Мота, чиј договор истекува на крајот од сезонава и летово дефинитивно ќе си замине од „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА