ПСЖ испраќа уште еден фудбалер во Катар

Марко Верати нема да биде единствениот фудбалер на ПСЖ кој летово го напушти клубот и се пресели во Катар, откако по стапките на италијанскиот плејмејкер тргна уште еден член на „светците“. Станува збор за Јулијан Дракслер, германскиот репрезентативец кој никогаш не се наметна во таборот на ПСЖ, но благодарение на богатиот договор остана член на францускиот гигант.

„Светците“ конечно најдоа начин да се ослободат од Дракслер, откако ја прифатија понудата на Ал Ахли од Доха вредна 20 милиони евра и дадоа зелено светло за Германецот да се пресели во Катар.

Самиот фудбалер ќе добие уште повисока плата од онаа што му следи во ПСЖ, па Дракслер ја прифатил понудата за тригодишен договор со Ал Ахли и во наредните денови ќе се пресели во Доха.

Овој фудбалер ланската година ја мина на позајмица во Бенфика, а летово веќе му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на новиот тренер Луис Енрике.

Се вчитува...