ПСЖ ја договори замената за Мбапе, но треба да ја плати 150 милиони

Италијанските медиуми пишуваат дека Квича Кварацхелија ги договорил личните услови со ПСЖ. Токму Грузиецот треба да биде замената за Мбапе, кој заминува од клубот. Офанзивниот крилен фудбалер сака да оди во Париз, но тука се прашува Наполи.

Претседателот на екс првакот Аурелио де Лаурентис, бара отштета за Квича во износ од 150 милиони евра. Тоа е цифра која што ПСЖ треба да ја плати ако сака и дефиниитнво да го обезбеди потписот на Грузиецот.

Исто така од Наполи во ПСЖ би можел да пристигне и Виктор Осимен, па клубот од Париз да го комплетира досегашното дуо на Наполи, кое му ја донесе на тимот титулата минатата година.

Се вчитува...