ПСЖ ја има поддршката од навивачите: 30.000 луѓе го следеле последниот тренинг пред дербито

ПСЖ пред 30.000 гледачи го одржа последниот тренинг пред дуелот со Олимпик Марсеј. На „Паркот на принцовите“ пристигнаа голем број на гледачи, за одблизу да ги видат играчите на ПСЖ и да ги поддржат пред дербито со Олимпик Марсеј кое се игра утре.

Пред почетокот на тренингот, играчите направија обиколка на стадионот, и ги поздравија фановите. Потоа фановите имаа можност да ги видат како се подготвуваат нивните омилени фудбалери.

На тренингот присуствуваше и тренерот Кристоф Галтие, кој го пропушти тренингот завчера поради тоа што не се чувствувал добро.

Се вчитува...