Францускиот шампион ПСЖ пројавува интерес кон крилниот играч на Јувентус, Федерико Киеза за заменик за Нејмар, кој ќе ја продолжи кариерата во Ал Гилал.
Јувентус е подготвен да го продаде својот фудбалер за сума од 50 до 60 милиони евра. Киеза има уште две години договор со торинскиот клуб. Покрај Јуве, Астон Вила и Њукасл се интересираат за играчот.
ПСЖ ќе има да ги плати тие пари откако ќе ги заработи од Нејмар. ПСЖ пред неколку дена успеа да се договори за задржување на Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА