Мбапе, Витиња и Руиз погодија по еднаш и му донесоа триумф на ПСЖ на гостувањето кај Троја. Домашниот тим немаше ниту сила ниту квалитет да му парира на големиот фаворит, кој дојде до победата и малку ги смири критиките кои беа присутни во последно време.
Без повредениот Нејмар и суспендираниот Меси, сепак, Троја не беше противник кој можеше да му направи проблеми на лидерот, кој сега ја зголеми разликата на шест бодови во однос на Ленс, кој го совлада Марсеј и го симна на третото место.
ПСЖ со нетрпение чека да заврши сезоната, а потоа веројатно ќе следува ремонт во екипата, од каде е најавено заминување на неколку играчи, и носење на нови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА