Во овој летен трансфер период ПСЖ успеа да се засили со неколку одлични фудбалери, а сега францускиот вицепрвак почна да размислува на продажба на играчи кои нема да им бидат потребни за следната сезона.
„Светците“ до крајот на летниот преоден рок ќе мора да продадат неколку фудбалери за да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј, па „РМЦ“ објави листа на играчи кои би можеле да заминат од тимот.
Килијан Мбапе најверојатно ќе заврши на трансфер-листата доколку не ја продолжи соработката со клубот во следните неколку недели бидејќи има договор со ПСЖ до крајот на следната сезона, а за неговите услуги се бараат 160 милиони евра.
На „црната листа“ се наоѓаат уште Андер Ерера, Џулијан Драклсер, Антонио Сарабија, Леандро Паредес, Тил Керер и Идриса Геј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА