ПСЖ и Ливерпул се многу блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите откако во првите осминафинални пресметки на гостински терен славеа против Барселона, односно Лајпциг.
Особено импресивно делуваше настапот на фудбалерите на ПСЖ, кои и во отсуство на Нејмар и на Ди Марија го понижија каталонскиот гигант среде Барселона со 1-4. Интересно, Барса беше тимот што прв поведе со пеналот на Меси, а веднаш потоа домаќините имаа и убава шанса за втор гол, но Дембеле од добра ситуација шутираше само во голманот Навас. Тоа беше се што Барса успеа да стори на овој меч, Мбапе до крајот на полувремето постигна гол за израмнување, а францускиот голгетер во вториот дел даде уште два гола, комплетирајќи го својот хет-трик, а еднаш меѓу стрелците се запиша и Кеан.
Barcelona 1-4 PSG – ALL GOALS ?⚽?pic.twitter.com/DiQeCbPGXZ
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 16, 2021
Ливерпул рутински ја одработе задачата на дуелот со Лајпциг што се играше во Будимпешта, триумфирајќи со 0-2. Германскиот тим имаше по една шанса на почетокот од првото и од второто полувреме, но остатокот од мечот мина во доминација на избраниците на Клоп, кои покажаа знаци на живот во ЛШ во ситуација кога се наоѓаат во голема криза во Премиер-лигата. Двата гола паднаа за помалку од десет минути во второто полувреме, откако Салах и Мане искористија две грешки на домашните дефанзивци и го матираа Гулаши.
Leipzig 0-2 Liverpool – ALL GOALS ⚽?pic.twitter.com/e1ydaY8EFX
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

