ПСЖ четврта година по ред се закити со трофејот во Супер-купот на Франција, откако во денешната пресметка славеше над Монако со 1-0 во мечот што се играше во Доха. Тимот на Луис Енрике со оваа победа успеа да ја продолжи доминацијата во ова натпреварување, па со уште поголема самодоверба ќе влезе во вториот дел од сезоната.
Првото полувреме донесе интересен фудбал во кој ПСЖ беше тимот што имаше повеќе шанси, но „светците“ сепак не успеаја да го најдат патот до мрежата. Двата тима имаа свои шанси во вторите 45 минути, но мрежите мируваа се до 92. минута.
А тогаш, Фабијан Руиз одлично втрча од позадина, несебично проигра до вториот дирек каде чекаше Усман Дембеле, а поранешниот фудбалер на Барселона немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.
Дембеле за победничкиот гол нешто подоцна го крена и признанието за МВП на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА