Фудбалерите на ПСЖ славеа убедлив триумф во пресметката со Ница на гостински терен со 0-4. Со тоа „светците“ се вратија на првата позиција на табелата, и сега имаат бод предност пред Ленс и натпревар помалку.
Прв во мрежата на Ница погоди Мендеш од пенал во 42. минута, а на стартот од вториот дел ПСЖ брзо ја запечати победата. Најпрво Дуе во 49. минута зголеми на 2-0, а потоа Ница остана со играч помалку по црвениот картон на Ндајишмиј.
Тоа го искористија гостите кои со головите на Фернандез и на Заире-Емери дојдоа до убедлив триумф на ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

