ПСЖ ја затвори вратата за Роналдо

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи одговори на гласините дека клубот од Париз би можел да потпише договор со Кристијано Роналдо.

Португалскиот репрезентативец неодамна го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а во вторникот демантираше дека постигнал договор со Ал Наср од Саудиска Арабија.

„Со оглед на тоа што ги имаме Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, не гледам смисла да потпишеме договор со Роналдо. Без разлика, му посакувам многу среќа. Тој е неверојатен фудбалер“, изјави Ал-Келаифи.

Роналдо кариерата ја почна во Спортинг Лисабон, а играше и во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Португалија во сабота ќе се сретне со Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.

Се вчитува...