Францускиот првак Пари Сен Жермен сак да го раскине договорот со поранешниот репрезентативец на „триколорите“, Ласана Дијара. Тој дојде како слободен агент и потпиша договор до јуни 2019 година, но не успеа да се избори за првотимски статус во жестоката конкуренција во составот на „светците“. Тренерот Томас Тухел оваа сезона само трипати му укажа шанса за настап и јасно е дека за него нема иднина на „Паркот на принцовите“.
ПСЖ мора да ги намалува трошоците поради проблемите со финансискиот фер-плеј. Најверојатно ќе мора да продаде и една од големите ѕвезди, Нејмар или Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА