Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ги плати сите преостанати пари за трансферот на Бредли Баркола во Олимпик Лион за да му помогне на клубот да избегне испаѓање во втората лига.
Со одлука на надзорниот орган на лигата, Лион неодамна испадна во втората лига на францускиот фудбал, а причината се големите долгови, па парижаните со овој гест директно му помогнаа на еден натпреварувач од Лига 1 евентуално да го избегне најлошото сценарио (доколку неговата жалба помине).
Парижаните во 2023 година го купија Баркола од Лион за 45 милиони евра, договорот меѓу двата клуба беше парите да се делат на рати во текот на неколку години, но „светците“ поради новосоздадената ситуација во која се најде Лион, ги платија сите преостанати пари во претходните денови.
Да потсетиме, во вторникот Француската фудбалска федерација ја потврди одлуката за условно испаѓање на Лион во понизок ранг, која беше донесена зимоска.
И тогаш Лион беше осуден на условна казна исклучување од елитното друштво како мерка на претпазливост поради необезбедување на гаранциите што ги бара финансиската институција на професионалниот фудбал и за долг од 175 милиони евра.
Во меѓувреме, дел од долгот е саниран, со исплата на парижаните сега е уште помал, што клубот секако ќе го забележи во жалбата на која има право и која ќе ја испрати на адресата на надзорниот орган за контрола на финансиите на клубовите во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

