ПСЖ ќе го тужи Реал Мадрид во ФИФА

Газдите на ПСЖ стануваат исфрустрирани од одолговлекувањето на сагата со Килијан Мбапе, откако францускиот голгетер ги одби сите понуди кои пристигнаа до него, јасно ставајќи до знаење дека сака да остане во тимот и во наредната сезона, но потоа и да си замине како слободен играч од „Паркот на принцовите“.

Оваа варијанта дефинитивно не им се допаѓа на „светците“ кои платија 180 милиони за да го доведат од Монако, а само за минатата и за новата сезона би му платиле на Мбапе околу 250 милиони евра на име плата и најразлични бонуси. „Светците“ се убедени дека Мбапе вака се однесува бидејќи веќе има постигнато договор за слободен трансфер во Реал Мадрид во јули 2024 година, поради што се решени да побараат реакција и од ФИФА.

Францускиот гигант во следните денови ќе го тужи Реал Мадрид во ФИФА, под обвинение дека преговарал со фудбалер на противнички тим кој имал повеќе од една година од актуелниот договор. Информацијата ја пренесуваат и мадридските и француските медиуми, но заеднички став на сите е дека обвинението ќе биде исклучително тешко да се докаже, особено ако е точно дека договорот е само вербален, без никаков писмен доказ.

Се вчитува...