ПСЖ ќе избрка уште еден ветеран од „Паркот на принцовите“

ПСЖ минатото лето реши да не ја продолжи соработката со Џанлуиџи Буфон, а „светците“ на крајот на сезонава ќе отпишат уште еден ветеран од својот табор. И тоа не било кој, туку долгогодишниот капитен Тијаго Силва, кој во јуни и дефинитивно ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Новиот директор Леонардо донел одлука воопшто да не стартува преговори со искусниот бразилски дефанзивец, кој важи за еден од највлијателните фудбалери во соблекувалната на „светците“. Тој е на став дека фудбалер со 35 години нема како да му помогне на тим со највисоки амбиции во Лигата на шампионите, па ќе му дозволи на Силва да си замине без никаква отштета на крајот на сезонава.

Тијаго Силва пристигна во ПСЖ од редовите на Милан во 2012 година, оттогаш одигра речиси 200 натпревари во францускиот шампионат.

Се вчитува...