ПСЖ има проблеми во одбранбените редови во оваа сезона, и затоа сака да се засили во дефанзивата. Според информациите, најнов „пик“ на „светците“ е играчот на Ленс, Абдукодир Кусанов.
Кампос, кој ја извршува функцијата спортски директор во ПСЖ, веќе имал средба со блиски соработници на играчот. Се верува дека трансферот на 20-годишниот Хусанов ќе чини многу помалку од Томаш Араухо од Бенфика, за кого исто така ПСЖ е заинтересиран.
Цената за Кусанов која ќе треба да ја плати ПСЖ изнесува 20 милиони евра. Тој за Ленс одигра 10 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА