ПСЖ скапо ја плати победата на отворањето на новата сезона против Авр откако беше потврдено дека повредата што ја заработи Гонсало Рамос е од посериозен карактер.
Португалецот беше прва опција во нападот, но мораше да биде заменет уште во 20. минута по еден старт на Кинкуе. Веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен, а деталните прегледи донесоа лоша вест за тренерот Луис Енрике – Рамос има скршеница на скочниот зглоб и му се препорачува целосно мирување од најмалку три месеци.
Прогнозите велат дека Португалецот би можел да се врати најрано на почетокот од месец декември, па управата на ПСЖ е принудена да се врати на пазарот и да доведе нов голгетер. „Светците“ решија да не носат класичен напаѓач и покрај заминувањето на Мбапе, тренерот Енрике веруваше во Рамос и во Коло Муани, но сега кога Португалецот ќе мора подолго да паузира челниците ќе мора да реагираат и да доведат нова опција во навалната линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА