ПСЖ ќе пазари од Евертон

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го доведе на „Паркот на принцовите“ фудбалерот на Евертон, Идриса Геј. Тренерот Томас Тухел очајно бара нов дефанзивен играч за врска и смета дека првотимецот на Евертон е одлично решение.

ПСЖ е подготвен да плати 30 милиони евра за Идриса Геј. Сенегалскиот репрезентативец со својата национална селекција учествуваше на Купот на Африканските нации и во финалето загуби од Алжир. Тој ќе замине на заслужен одмор до 20 август, а раководството на Пари Сен Жермен дотогаш ќе се обиде да го доведе во Париз.

 

Се вчитува...