Реал Мадрид неколку месеци наназад флертува со Нејмар и со Килијан Мбапе, но челниците на ПСЖ сега се подготвени за контраофанзива против „кралскиот клуб“. Весникот „Паризиен“ објави дека францускиот првак е решен да направи ремонт во своите редови, а за три клучни засилувања тренерот Тухел ги посочил тројцата фудбалери на Реал Мадрид, Тони Крос, Иско и Герет Бејл.
Средниот ред беше и остана најслаб дел од тимот на ПСЖ, а „светците“ се убедени дека со ангажманот на Крос и Иско, заедно соостанувањето на Верати, конечно ќе биде формирано трио што ќе биде на нивото на навалната линија на францускиот гигант. Според „Паризиен“, веќе е подготвена и понуда во висина од 210 милиони евра за триото на „кралскиот клуб“, на која Флорентино Перез ќе треба да даде одговор до крајот на месецов.
Лесно може да се случи Перез да ја искористи оваа понуда за во преговорите да го вклучи Нејмар, но проблем за првиот човек на Реал е што тренерот Зидан не го смета Бразилецот за неопходно засилување, туку напротив, стравува дека со него би можела да се расипе атмосферата во екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА