После два последователни порази во Лига 1, ПСЖ, конечно, се израдува на победа. Вечерва на гостувањето кај Ница, лидерот на табелата успеа да оствари победа со 0-2.
Во 26. минута Лионел Меси донесе предност, а Рамос во 76. минута зголеми на 2-0.
Ова беше 22. победа за ПСЖ, и ја зголеми разликата во однос на второпласираниот Ленс на шест бодови на осум кола до крајот на првенството во Франција и се освен титула за Парижаните би било големо изненадување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА