ПСЖ дефинитивно го менува начинот на функционирање, па сега наместо скапи ѕвезди со високи плати се фокусира на млади и талентирани фудбалери. Во тој правец денеска беше официјализиран уште еден трансфер, на 18-годишниот Габриел Москардо, бразилскиот играч за врска кој пристигнува од редовите на Коринтијанс.
Според договорот на двата клуба, Москардо ќе остане на позајмица во Коринтијанс до крајот на сезоната, а ПСЖ ќе плати 20 милиони евра за неговите услуги.
„Пресреќен сум што доаѓам во ПСЖ, ова ми е еден од најубавите денови во животот. Ова е проект преполн со млади и талентирани фудбалери, едвај чекам да се приклучам на екипата и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Москардо по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА