Со два гола на Мбапе, и еден на Мендеш, ПСЖ лесно се справи со Нaнт на негов терен, и дојде до нов триумф во францускиот шампионат. И без Нејмар во стартниот состав (се најде на клупата а подоцна влезе на местото на Мбапе), Парижаните немаа големи проблеми, и победникот го решија во првиот дел.
Мбапе во 18. минута погоди за водство по асистенција на Меси, а во 24. минута Нант остана со играч помалку. Во 54. минута истата комбинација донесе 0-2 за ПСЖ, а во 68. минута Мендеш зголеми на 0-3.
Шампионот можеше целосно да ја наполни мрежата на противникот, но не успеа да реализира неколку добри шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА