ПСЖ е осамен на врвот на табелата во францускиот шампионат откако „светците“ славеа во големото дерби, на гостински терен против Олимпик Марсеј со 0-3. Француската фудбалска војна повторно донее бројни жестоки дуели, домаќините од средината на првото полувреме беа со играч помалку, а гостите од Париз знаеја да го искористат тоа за да стигнат до посакуваните бодови.
Во прилог им одеше и што ја искористија првата шанса што ја создадоа, кога Жоао Невеш одлично се снајде и го матираше голманот на Олимпик. Домаќините се обидоа да се вратат, но во 20.минута останаа без Харит, кој доби директен црвен картон за груб старт врз Маркињос на средината од теренот.
Дури и до играч помалку фудбалерите на Олимпик се обидоа да стигнат до израмнување, но отворената игра беше казнета со два нови погодоци до крајот на полувремето, најпрвин Балерди во 29. минута си постигна автогол, пред Баркола да ги постави конечните 0-3 во 40. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА