Три гостински, три домашни победи и едно реми е билансот од денешните натпревари со кои е комплетирано првото коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите. Најинтересните дуели се одиграа во Германија. Рајн Некар Левен спаси бод во дуелот со Барселона (31-31), а Кил на домашен терен загуби од моќниот ПСЖ (22-25). Францускиот тим доминираше во текот на целиот натпревар во кој на двапати имаше и највисоки шест гола предност (12-18, 18-24).
Победи на гостински терен славеа уште и Вардар против Висла Плоцк (22-26) и Спортинг против Бешикташ (26-30). Сигурни на домашен терен пак беа Нант против Пик Сегед (30-26) и во дуелите од Ц и Д групата Горење со минималната победа против Адемар (23-22) и Сјерн со убедливи +11 против Динамо Букурешт (39-28)
Резултати ЛШ, 1.коло:
Група А:
Висла Плоцк – Вардар 22-26
Нант – Пик Сегед 30-26
Рајн Некар Левен – Барселона 31-31
Кристијанштад – ППД ЗАгреб 28-28
Група Б:
Мешков Брест – Кјелце 28-25
Целје ПЛ – Веспрем 31-39
Фленсбург – Алборг 30-27
Кил – ПСЖ 22-25
—————————————
Група Ц:
Шафхаузен – Елверум 36-30
Скјерн – Динамо Букурешт 39-28
Горење – Адемар Леон 23-22
Група Д:
Мотор Запорожје – Чеховски медведи 36-23
Монпелје – Металург 32-22
Бешикташ – Спортинг 26-30
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА