Пари Сен Жермен го совлада Олимпик Марсеј со 3-0 на „Паркот на принцовите“ и се пласира во полуфиналето на Купот на Франција. Во отсуство на повредениот Нејмар, прва ѕвезда на „светците“ овојпат беше Анхел Ди Марија.
Аргентинецот постигна два гола за ПСЖ на овој натпревар, а во листата на стрелците се запиша и Единсон Кавани. Ди Марија го отвори резултатот во последните моменти од првото полувреме, а на 2-0 зголеми во 48.минута од мечот. Олимпик Марсеј немаше сили за да возврати, а Кавани го докрајчи ривалот во 81.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА