ПСЖ му го даде завршниот „удар“ на Икарди: Не го пријави за ЛШ, напаѓачот се сели во Истанбул

Мауро Икарди е свршено време за ПСЖ, кој не го пријави голгетерот за настапите во Лигата на шампионите. Тоа значи дека Мауро и дефинитивно ќе си бара нова средина и ќе го напушти Париз.

Голгетерот дојде како големо засилување, но секогаш беше во сенка најпрво на Нејмар, па на Мбапе, сега и на Меси. Тројцата имаат предност пред Икарди, а Аргентинецот ретко кога добива шанса.

Според информациите во текот на идната недела Икарди ќе замине во Истанбул на потпис со Галатасарај. Од Истанбул веќе го очекуваат неговото доаѓање и потпис со еден од трите гиганти од Истанбул.

ПСЖ ги почнува натпреварите во ЛШ со домашен меч против Јувентус.

Се вчитува...