ПСЖ му го нуди на Салах она што Ливерпул не му го дава…

Мохамед Салах од денеска влезе во последните шест месеци од договорот со Ливерпул, што му дава за право на „фараонот“ не само да преговара, туку и да потпише преддоговор со друг клуб надвор од Премиер-лигата.

Тимовите од Саудиска Арабија не се доволно интересни за Салах кој сака да остане во Европа, но сериозна конкуренција на Ливерпул му прави тимот на ПСЖ. Последните информации говорат дека „светците“ веќе испратиле понуда до големиот ас, нудејќи му го клучното барање што Ливерпул не му го исполнува на Салах.

Имено, Египќанецот на 32-годишна возраст игра во животна форма, поради што инсистира новиот договор да биде со важност на три години. Ливерпул упорно му нуди само нов двогодишен договор, додека ПСЖ испрати понуда за Салах, со што тој би останал на „Паркот на принцовите“ до 2028 година. Згора на тоа, „светците“ му нудат неделна плата од 500.000 евра, додека понудата на Ливерпул е за 400.000 евра неделно, па интересно ќе биде да се види како ќе течат преговорите во наредниот период…

Се вчитува...