ПСЖ му нуди „бланко чек“ на Гвардиола од лето да дојде во Париз

Иако ПСЖ владее со француската лига и е еден од главните фаворити за освојување и на Лигата на шампионите, катарските шеици сакаат многу повеќе и желни се за нови промени.

Откако минатово лето потрошија 222 милиони евра за Нејмар, сопствениците на ПСЖ следното лето планираат и промени на клупата. Унаи Емери, се чини, одлично ги склопи коцките на тимот, посебно атомскиот напад Нејмар-Мбапе-Кавани, но очигледно тоа не е доволно.

Според  пишувањата во Франција, ПСЖ по секоја цена сака да го донесе Пеп Гвардиола. Шеиците се подготвени да му дадат бланко договор за дојде во Париз.

Гвардиола, по заминувањето од Барселона, три години мина во Баерн Минхен, а по доаѓањето во Манчестер сити рече дека планира уште една година да остане во овој клуб, а за потоа ќе размисли!

Се вчитува...