ПСЖ му нуди нереален договор на Енрике, но тој е решен да си замине од Париз

Луис Енрике најверојатно по крајот на сезоната ќе си замине од ПСЖ. Според германски „Билд“, тој веќе донел одлука да го напушти европскиот првак, и покрај тоа што „Светците“ му нудат неверојатен договор.

Според најавите, Шпанецот добил доживотен договор од страна на ПСЖ, како и многу повеќе пари, меѓутоа едноставно екс селекторот на Шпанија и поранешен тренер на Барселона веќе донел одлука да замине.

Причината била тоа што му е потребен нов, поголем предизвик во кариерата. Согласно најавите, Енрике најверојатно ќе продолжи во Премиерлигата, и тоа можеби во Манчестер Сити, доколку се случи Пеп Гвардиола да замине од клубот на крајот од сезоната. Се споменува и можно преземање на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...