ПСЖ му нуди нов договор на Кавани

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го задржи во своите редови и Единсон Кавани. Раководството на клубот му нуди продолжување на соработката за една дополнителна сезона, до јуни 2021 година. Уругваецот има актуелен договор до крајот на идното лето, а пристигна од Наполи во 2013 година.

Кавани за шест сезони си обезбеди место во клупската историја и стана најдобар стрелец на ПСЖ на сите времиња. Тој досега има одиграно 279 меча и постигнато 193 гола во дресот на „светците“.

Атлетико Мадрид сака да го доведе Кавани во Ла Лига во овој преоден рок.

 

 

Се вчитува...