Секој нов ден се повеќе се намалуваат шансите дека Барселона и ПСЖ ќе успеат да најдат заеднички јазик во преговорите за Нејмар, па раководството на „светците“ му понудило на бразилскиот ас „пакт“ за надминување на недоразбирањата, се со цел тој да мине уште една година на „Паркот на принцовите“.
Директорот Леонардо веќе стапил во контакт со агентот на Нејмар, доставувајќи му го најновиот предлог на клубот. Тој објаснил дека шансите за исполнување на желбата на Нејмар – трансфер назад во Барса, се само теоретски откако каталонците веќе потрошија над 250 милиони евра на нови фудбалери. „Светците“ бараат од Нејмар да се согласи да остане и во следната сезона, а за возврат во 2020 година ќе му дозволат да си замине под подобри услови, спуштајќи ја дополнително неговата цена.
На потег е Нејмар, кој ќе треба да одговори на оваа понуда од клубот. Бразилецот делува решен да си замине, но од друга страна Барселона со понудите е предалеку од она што ПСЖ го бара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА