ПСЖ му посака добродојде на Ненадиќ

Петар Ненадиќ, еден од најдобрите ракометари во моментов, по заминувањето од Веспрем, потпиша договор со најбогатиот клуб во светот, ПСЖ. Екс репрезентативецот на Србија замина во Париз како слободен агент, откако неодамна го раскина договорот со унгарскиот тим поради несогласувања.

Ненадиќ во минатото настапуваше за Црвена Звезда, Алгерирас, Барселона, Пик Сегед, Холстебро, Висла, Фуксе и Веспрем.

За селекцијата на Србија има одиграно 78 натпревари и постигнато 213 голови. Со Србија го освои среброто на ЕП во 2012 година кое го организираше неговата земја.

ПСЖ во Ненадиќ добива огромно засилување во нов обид тимот да дојде до пехарот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...