ПСЖ му соопштил на Покетино дека е поранешен?

Маурицио Покетино е се поблиску до отказ од клупата на ПСЖ. Француските медиуми пишуваат дека клубот од Париз веќе му соопштил на Аргентинецот дека е поранешен, и дека може да си бара нова средина.

Иако има договор, сепак, од клубот се подготвени да му го раскинат, со оглед дека не се задоволни од неговата работа затоа што во изминатите 18 месеци ја освои само титулата во францускиот шампионат. Тоа не ги задоволува апетитите на сопствениците на Парижаните, па од тука веројатно клубот ќе добие нов тренер.

Наголемо се шпекулира дека Зинедин Зидан ќе биде тој кој што ќе го замени. Иако демантираше во неколку наврати, сепак, легендата на францускиот фудбал веројатно нема да може да одолее на понудата од Парижаните.

Исто така со Покетино, од ПСЖ ќе замине и спортскиот директор Леонардо, и на негово место ќе дојде Луис Кампос.

Се вчитува...