ПСЖ му врати на Меси за обвинувањата дека не му ја честитале титулата од Катар

Лионел Меси не беше среќен во ПСЖ. Аргентинскиот фудбалер јавно тоа го кажа и ова лето замина во Интер Мајами. Во неодамнешно интервју тој кажа дека неговиот тим не го почитувал, и дека станал единствениот фудбалер од составот на Аргентина кој не добил признание од својот клуб за освоената светска титула со Аргентина во Катар 2022 година.

На тие обвинувања одговори и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

„Како што сите знаете, и тоа видео го објавивме јавно, му честитавме на Меси на тренинг, ама и приватно. Но, сепак, ние сме француски клуб и со сета почит кон него, беше пречувствително да ја славиме титулата на нашиот стадион, на натпревар. Моравме да ја почитуваме земјата која тој ја порази во финале, и играчите кои играа за Франција во тоа финале, како и нашите навивачи“, рече Ал Келаифи.

Се вчитува...