Францускиот првак Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ќе се обиде во своите редови да го доведе Алексис Санчез. Напаѓачот на Арсенал е голема желба на тренерот на „светците“, Унаи Емери, а раководството на клубот е подготвено да понуди 70 милиони евра за да му ја исполни оваа желба.
Чилеанецот има актуелен договор со англискиот премиерлигаш до јуни 2018 година, но засега нема намера да го продолжи, а тоа значи дека Арсенал ќе се согласи на негова продажба ова лето за да добие солидна сума како отштета.
За Алексис Санчез сериозен интерес покажува и италијанскиот првак Јувентус, но, сепак, според најавите од Франција, ПСЖ нема да штеди средства за негов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА