ПСЖ на рутина до 1/4 финале во францускиот Куп

ПСЖ немаше поголеми проблеми во дуелот со Ле Ман во 1/8 финалето на Купот на Франција, и со победа од 0-2 се пласираше во следната фаза.

После само 25 минути, фаворитот дојде до предност со голот на Дуе.

Баркола во 71. минута зголеми на 0-2, со што му донесе на својот тим победа и пласман во следната фаза.

Пласман во 1/4 финалето претходно обезбедија екипите на Данкерк и на Брест кои ги елиминираа Лил, односно Троја.

Се вчитува...