Шпанскиот голман кој е дел од ПСЖ, Серхио Рико, ќе си замине од клубот откако францускиот првак се реши да не му го продолжи договорот кој му истече на 30 јуни 2024 година.
Раководството на францускиот тим се одлучи на ваков чекор, па така тој како слободен ќе си замине од Париз.
Во 2023 година во мај, Рико заработи тешка повреда откако паднал од коњ, по што три недели беше во кома. Серхио беше во болница 82 дена. Во април 2024 година тој се врати на тренинзите на клубот.
Последен настап му е во мај 2022 година кога играше како позајмен во Мајорка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА