Барселона нема да успее да дојде до уште еден посакуван фудбалер, откако каталонците добиле јасна порака од челниците на ПСЖ дека немаат намера да им го продадат Анхел ди Марија.
Првите луѓе на Барса се надеваа дека ќе усепат да се договорат со „светците“ за аргентинскиот репрезентативец, чиј статус во првиот тим е сериозно загрозен со трансферите на Нејмар и на Мбапе. Сепак, весникот „Паризиен“ тврди дека првиот човек на ПСЖ, Насер ал Келаифи, разговарал со Хозеп Бартомеу и јасно му ставил до знаење дека нема никакви шанси Ди Марија да замине на „Камп ноу“.
„Ди Марија останува во Париз, тоа му е кажано и на него, како и на Барселона“ – гласи пораката од првиот човек на ПСЖ.
Имено, тренерот Емери ќе настојува да има што поголем ростер за замени, но и за ротации во екипата со која од него ќе се очекува да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Шпанскиот тренер инсистирал на останување на Ди Марија, желба што челниците на клубот му ја исполниле, па Барселона ќе мора да бара потенцијално засилување на друго место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА