Иако уште пред две недели ја обезбедија титулата во домашниот шампионат, фудбалерите на Пари Сен Жермен продолжуваат со победите во Лига 1, славејќи на домашен терен против Ле Авр со 2-1 во меч од 30. рунда.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Дезире Доуе уште во 8. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Гонсало Рамош во 50. минута. До крајот гостите успеаја да стигнат само до почесен погодок (2-1) преку Соумаре во 60. минута.
PSG 2-0 Le Havre – Gonçalo Ramos 50'
byu/Meladroitdetrela insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА