ПСЖ не се откажува од Јамал, подготвува понуда од 250 милиони евра

Францускиот фудбалски гигант и актуелен освојувач на Лигата на Шампиони, ПСЖ не се откажува од намерата во своите редови да го доведе еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Ламин Јамал.

И покрај тоа што „чудото од дете“ неодамна потпиша нов договор со Барселона, францускиот клуб верува дека со својот долгогодишен план може да стигне до неговиот потпис со кој ќе ги заследи стапките на Лионел Меси и по што ќе се формира тим околку него, пренесуваат француските медиуми.

За оваа цел Французите се подготвени да издвојат и неверојатни 250 милиони евра со што тоа би бил новиот најскап трансфер во историјата по оној на Нејмар од Барселона токму во ПСЖ.

Се вчитува...